На ден 5 Јули 2023 година (среда) во ДХО “Даре Џамбаз“ беше изведена театарска претстава за деца и млади “Убавата принцеза Галена“ од страна на театарот за деца и млади “Арт вени види“, во рамки на фестивалот “Жапчиња 2023“, толкувана на знаковен јазик, разбирлива за глуви и наглуви лица.
После претставата беше одржана работилница каде што децата преку цртање на илустрации од претставата, најдобро ја изразија нивната имагинација и креативност.
Следуваа и награди за сите учесници.