11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

02На 21.03.2022 година, европската шампионка Оливера Наковска Бикова и стрелачкиот тим на Параолимписки комитет на Северна Македонија, имаше средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт – г-дин Наумче Мојсоски.

На официјалната ФБ страна на АМС, тие напишаа:

🤝Имавме чест во куќата на спортот да ја пречекаме македонската параолимпијка Оливера Наковска –Бикова, која го освои златниот медал на Европското првенство во стрелаштво во Хамар, Норвешка, заедно со Александар Јовановски кој во машка конкуренциија го освои десеттото место и Ванчо Каранфилов со освоено 19 место🇲🇰
👏Успесите на нашите спортисти се од големо значење, посебно што Наковска – Бикова го повтори својот успех, 21 година по освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Данска во 2001 година!
Успехот на македонските параолимпијци, ни донесе бронза на што сме навистина горди! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Им посакуваме уште многу победи и освоени Олимпијади!
Поддршката од Агенција за млади и спорт е од пресудно значење за припреми и учество на меѓународни настани на спортистите и така ќе продолжиме! 🤝👏🇲🇰🎖️🏆🏆🏆