11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

m3На 16.02.2022 година во просториите на Домот на хуманитарни организации на Македонија, претставници на националните инвалидски организации на Македонија одржаа средба со Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.  На средбата претставниците на националните инвалидски организации ги посочија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со различен вид на попреченост, воедно давајќи предлози за унапредување на нивните права.

По изложеното од страна на претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, Министерката Тренчевска истакна дека грижата за лицата со попреченост е приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика. „Заедно ќе креираме политики како и досега, кои ќе придонесат за унапредување на правата на лицата со попреченост. Со директно учество во јавни дебати, консултации и утврдените практики, да ги изнајдеме најдобрите решенија, кои ќе имаат за цел испорака на резултати, од кои придобивка ќе имаат лицата со попреченост. Уште поинтезивно ќе работиме на инклузијата на лицата со попреченост во општеството, во образовниот процес и на пазарот на труд. Предрасудите и стереотипите мора да се надминат. Градиме општество со еднакви можности за сите и инклузијата треба да почне токму од нас“, рече Тренчевска. Министерката информираше дека се работи и на проширување на достапните социјални услуги во заедницата за лицата со попреченост, каде што како даватели на услуги може да аплицираат и сојузите. Како и дека продолжува процесот на деинституционализација и отворањето на мали групни домови, во кои лицата со попреченост живеат со поддршка на стручни лица и се еднакви граѓани во заедницата. 

Претставниците на националните инвалидски организации изразија задоволство од денешната прва средба и уверување за плодна соработка која ќе даде вистински и видливи резултати во иднина.