Врз основа на член 5 став (1) алинеја 1 од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/25), Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година
Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/25) (во натамошниот текст програма), Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (во понатамошниот текст: Министерство) доделува финансиска поддршка на :
1.домаќинство со едно или повеќе лица со попреченост со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, корисници на посебен надоместок заради попреченост со навршени 26 години возраст, а без оглед на старосната возраст, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од:
- 24.500,00 денари за едночлено домаќинство,
- 42.000, 00 денари за домаќинство со два члена,
- 60.000, 00 денари за домаќинство со три члена и
- 80.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го посебниот надоместок согласно Законот за социјалната заштита.
При пресметка на вкупниот доход на домаќинството кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно со законот за данок на личен доход, надоместокот заради попреченост, не се засметува при пресметката на вкупниот нето доход на домаќинството.
За ранлив потрошувач од точка 1 од овој јавен оглас не се смета лице кое што го користи правото на цивилна или воена инвалиднина.
За ранлив потрошувач од точка 1 од овој оглас не се смета лице ако со решение на центарот за социјална работа подолго од 30 дена е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка или во здравствена или друга установа за периодот додека трае сместувањето.
Согласно со член 4 од Програмата, лицата со категориите од точка 1 од овој оглас се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1000,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето, во времетраење од 12 месеци.
Доделувањето на финансиската поддршка го врши Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата за секоја од категориите наведени во точката 1 од овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата и тоа :
-2. 300. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост,
- 19. 000. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со најтешка телесна попреченост,
- 9.000.000,00 денари од вкупните средства ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно слепо лице и
- 12. 000. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно глуво лице.
На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и за старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица не им следува финансиска поддршка од овој оглас.
Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.
Барање за искористување на финансиска поддршка
2.1 Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата од точка 1 од овој јавен оглас кои ќе поднесат Образец барање за искористување на финансиска поддршка. Барањето за искористување на финансиска поддршка се доставува на пополнет образец и тоа:
- За домаќинства во кое живее едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, барање на Образец 1 кој може да се подигне во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или да се обезбеди преку интернет страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.
- За домаќинства во кое живее едно или повеќе лица со физичка попреченост во своето семејство, барање на Образец 2 кој може да се подигне во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или да се обезбеди преку интернет страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.
- За домаќинства во кое живее едно или повеќе потполно глуви лица, барање на Образец 3 кој може да се подигне во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или да се обезбеди преку интернет страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.
- За домаќинства во кое живее едно или повеќе потполно слепи лица на Образец 4 кој може да се подигне во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или да се обезбеди преку интернет страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.
2.2 Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот, домаќинство во кое живее едно или повеќе лица со најтешка телесна попреченост до Министерството задолжително ги доставува следните документи:
1. изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата може да се подигне во архивата на Министерството или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.energy.gov.mk);
2. фотокопија од Решение за стекнато право на корисник на посебен додаток согласно закон;
3. фотокопија од последната добиена сметка за 2024 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;
4. фотокопија од лична карта на барателот; и
5. доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството).
2.3. Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот, домаќинство во кое живее едно или повеќе лица со ѕешка или длабока интелектуала попреченост до Министерството задолжително ги доставува следните документи:
1. изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата може да се подигне во архивата на Министерството или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.еnergy.gov.mk);
2. фотокопија од Решение за стекнато право на корисник на посебен додаток согласно закон;
3. фотокопија од последната добиена сметка за 2024 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;
4. фотокопија од лична карта на барателот и
5. доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството).
2.4. Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот, домаќинство во кое живее едно или повеќе потполно глуви лица до Министерството задолжително ги доставува следните документи:
1. изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата може да се подигне во архивата на Министерството или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.energy.gov.mk);
2. фотокопија од Решение за стекнато право на корисник на посебен додаток согласно закон;
3. фотокопија од последната добиена сметка за 2024 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;
4. фотокопија од лична карта на барателот и
5. доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството).
2.5. Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот, домаќинство во кое живее едно или повеќе потполно слепи лица до Министерството задолжително ги доставува следните документи:
1. изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата може да се подигне во архивата на Министерството или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.еnergy.gov.mk);
2. фотокопија од Решение за стекнато право на корисник на посебен додаток согласно закон;
3. фотокопија од последната добиена сметка за 2024 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;
4. фотокопија од лична карта на барателот и
5. доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството).
Постапка за доделување на финансиска поддршка
3.1 Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите за лица со физичка попреченост по пошта или лично ќе го достават во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на адреса „улица Македонија, број 27, 1000 Скопје, со назнака – ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПОТРОШЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 2025 ГОДИНА,
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАКА – ЗА ДОМАЌИНСТВА СО ЕДНО ИЛИ ПОВЕЌЕ ЛИЦА СО НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ
3.2 Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите –лица со телесна попреченост по пошта или лично ќе го достават во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на адреса „улица Македонија број 27, 1000 Скопје, со назнака – ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПОТРОШЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 2025 ГОДИНА,
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАКА – ЗА ДОМАЌИНСТВА СО ЕДНО ИЛИ ПОВЕЌЕ ЛИЦА СО ТЕШКА ИЛИ ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
3.3 Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите за слепи лица по пошта или лично ќе го достават во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на адреса „улица Македонија, број 27, 1000 Скопје, со назнака – ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПОТРОШЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 2025 ГОДИНА, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАКА – ЗА ДОМАЌИНСТВА СО ЕДНО ИЛИ ПОВЕЌЕ ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА
3.4 Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите за глуви лица по пошта или лично ќе го достават во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на адреса „улица Македонија, број 27, 1000 Скопје, со назнака – ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПОТРОШЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 2025 ГОДИНА, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И
АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАКА – ЗА ДОМАЌИНСТВА СО ЕДНО ИЛИ ПОВЕЌЕ ГЛУВИ ЛИЦА
3.5 Подносителите на барање треба во барањето да го назначат името и презимето на лицата од точките 3.1, 3.2, 3.3 и 3.4 на кои гласи решението за корисник на посебен надоместок согласно законза секоја од категориите наведени во точките од 1 од овој оглас соодветно. Истите треба да достават уредно и комплетно барање со сите потребни документи. Доколку поднесеното барање е неуредно и некомплетно, Комисијата, согласно член 39, став 3 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015 и 65/2018) ќе се обрати до барателот и ќе бара во рок од 8 дена уредување и дополнување на барањето.
Едно лице може да поднесе само едно барање за финансиска поддршка на домаќинството.
НАПОМЕНА: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини по службена должност преку Министерството за социјална политика демографија и млади ќе изврши проверка по однос на стекнатите права за социјална заштита во домаќинствата на барателите, а преку Управата за јавни приходи ќе изврши проверка на остварен вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година.
Начин на остварување на правото на надоместок
4.1 За спроведување на активностите за реализација на финансиската поддршка од програмата, министерот формира четири комисиии составени од по три члена и нивни заменици од редот на вработените во Министерството.
4.2 Комисиите ги разгледуваат пристигнатите барања поднесени заклучно со последниот ден на времетраење на јавниот оглас, заедно со потребната документација и го утврдуваат точниот број на пристигнати уредни и комплетни барања. Согласно потишаниот меморандум за соработка, комисиите ќе побараат од Министерството за социјална политика, дали членот или членовите на домаќинството се корисници на
посебен надоместок заради попреченост согласно член 44 од Законот за социјалната заштита
4.3 Лицата кои имаат поднесено барање, а немаат уредна и комплетна документација или на барање на Комисиите во предвидениот рок не ја доуредат или комплетираат поднесената документација нема да се стекнат со финансиска поддршка.
4.4 Комисиите за лицата кои имаат поднесено уредна и комплетна документација, му предлагаат на министерот за енергетика, рударство и минерални суровини да донесе решение за стекнување финансиска поддршка.
4.5 Списокот со лица кои се стекнале со финансиска поддршка согласно програмата (во натамошниот текст корисници на финансиска поддршка), се објавува на веб страната на Министерството, а донесените решенија во електронска форма се доставуваат до подносителите на барањето на назначената email адреса во барањето
4.6 Списокот со лица кои не се стекнале со финансиска поддршка согласно програмата се објавува на веб страната на Министерството, а донесените решенија по пошта ќе бидат испратени до подносителите на барањата.
4.7 Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, податоците од решенијата во електронска форма ги доставува до универзалниот снабдувач со електрична енергија на месечна основа за сите корисници на финансиска поддршка и врши исплата за сите корисници на финансиска поддршка кон универзалниот снабдувач.
4.8 Финансиската поддршка ќе отпочне да се реализира по објавување на списокот од точка 4.5 од овој дел, а вкупното намалување за периодот додека трае огласот ќе биде изразено во првата следна сметка за потрошена електрична енергија откога ќе почне да се реализира финансиската поддршка. Корисниците на финансиска поддршка преостанатиот дел од износот на сметката за претходниот месец го плаќаат во рокот за
плаќање наведен на сметката.
4.9 Доколку корисникот на финансиска поддршка не го плати преостанатиот намален износ на две последователни сметки, на предлог на Комисиите од точка 4.1 од овој дел, Министерот донесува решение со кое се укинува решението за стекнување на финансиска поддршка и за истото Министерството го известува универзалниот снабдувач и корисникот.