11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

Лицата со телесен инвалидитет бараат пристапноста до објектите да биде еден од условите за издавање на дозвола за градба. Во актуелниот Закон за градење и сега постои оваа одредба, но казните за инвеститорите се мали и парични. Невладините организации бараат за несовесните градежници да бидат предвидени затворски казни.