Национален Совет на инвалидските организации на Македонија
  www.nsiom.org.mk     Испечати ја страната   Прати ја на пријател
За НСИОМЦели и задачиРаководствоЧленки на НСИОМПрограма за работаАктивности на НСИОМАктивности надвор од земјата
Контакт
Национално координативно тело
Добредојдовте на веб страницата на Националниот Совет на инвалидските органицации на Македонија
   
  ЗА НСИОМ

Националниот Совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) е асоцијација на :

Советот заедно со неговите членки, повеќе од 50 години организирано и во континуитет се бори за остварување на правата на лицата со инвалидност, и преку мрежата од 136 општински, меѓуопштински и регионални здруженија во кои членуваат околу 90 000 инвалиди има значајна улога во организирањето на лицата со инвалидност на локално, регионално и државно ниво.

Советот со своите членки, само во последните неколку години успеа да се избори за донесување или измени и дополненија на повеќе закони кои се однесуваат за лицата со инвалидност и тоа : Закон за вработување на инвалидни лица, Закон за социјална заштита, Закон за спорт, Закон за јавни патишта, а покрена и иницијатива за донесување на Закон за повластици во јавниот патен сообраќај, измена на Правилникот за индикации за остварување на правото на ортопедски и други помагала, за ослободување од даноци и царини, измена на Законот за цивилни инвалиди од војната, донесување на Закон за инвалидски организации, Закон за игри на среќа.

Членувањето во НСИОМ се заснова на доброволна основа и членувањето во НСИОМ не значи губење на самостојноста на нејзините членки, туку напротив, сите седум организации се потполно самостојни, тие се посебни правни лица со свој Статут и со своја програма.

Со членувањето во НСИОМ, членките организирано пристапуваат кон решавање на заедничките проблеми, кои се однесуваат за сите лица со инвалидност. Заедничкото делување на сите членки допринесува поквалитетен пристап и полесно решавање на проблемите со кои се соочуваат лицата со инвалидност.

Реализирањето на програмата на НСИОМ е од интерес на сите лица со инвалидност и таа произлегува од нивните заеднички потреби.

Контактирај го администраторот