ПОЧЕТНА

ЗА НСИОМ

ЧЛЕНКИ

КОНТАКТ

Цели и задачи на НСИОМ

1logo civ

1LOGO TELESNI

1LOGO SPORT

1LOGO SLEPI

1logo gluvi

1LOGO PORAKA

1LOGO TRUDOVI

ЦЕЛИ на НСИОМ се:

• Обезбедување на еднакви можности за лицата со инвалидност во општеството;
• Воведување и придржување на принципот “ништо за лицата со инвалидност без лицата со инвалидност”;
• Обезбедување на одржливо, стабилено и независено финансирање на инвалидските организации со јавни наменски и други финансиски средства;
• Обезбедување на сеопфатна општествена интеграција на лица со инвалидност и нивната социјална сигурност и промоција на здравјето;
• Заложба за градење на позитивниот имиџ на лицата со инвалидност и нивните инвалидски организации во јавноста и медиумите;
• Подигнување на свеста во јавната за лицата со инвалидност и нивните инвалидски организации;
Од основањето и денес, за националните инвалидските организации основен извор на приход бил приходот што се остварувал од игрите на среќа (до 1991 г. од државната лотарија, а од 1991-2009 г. преку Министерството за финансии од средствата кои се остваруваат од игрите на среќа во Буџетот на РМ).
Распределбата на средствата од игри на среќа е утврдена со Законот за игри на среќа и Законот за инвалидски организации.
Впрочем, основна пракса во светот каде што Државата дозволува организирање на игри на среќа е средствата кои ги остварува по тој основ исклучиво да ги наменува за хуманитарни цели и за инвалидски и хуманитарни организации. Така на пример во соседните земји (Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија) целокупниот остаток од приходот кој се остварува од игри на среќа откако ќе се подмират сите други трошоци за организирање на игрите на среќа и распределба на добивките, се наменува за инвалидските организации, нивните членови и други хуманитарни организации.
За жал во изминатите 12 години во РМ тоа не е случај и средствата кои се остваруваат од игрите на среќа наместо целосно да бидат наменети за овие корисници, тие се користат и за други намени.
Иако во чл. 4 од постоечкиот Законот за игри на среќа е предвидено 50% од приходот на игри на среќа да се распоредуваат на законските корисници, а во став 2 тоа да не биде помалку од 60 милиони, а не повеќе од 120 милиони денари, пракса е во последните 12 години корисниците на приходите од игрите на среќа предвидени со Законот за игри на среќа постојано добиваат средства во висина на некаде околу 75.000.000,оо ден., што преставува долна граница што е предвидена со ставот 2 на чл. 4 од Законот за игри на среќа.
Бидејќи немаме точни податоци за сите години колкави приходи се остваруваат од игрите на среќа, можеме да наведеме само еден пример за кој располагаме со точни податоци, дека само во 2005 г. за распределба врз основа на чл. 4 од Законот за игри на среќа каде се предвидува да се распореди 50% од приходот, остварени се 610.556.000,оо (50% од вкупниот приход).
Но, со Одлука на Владата на РМ на инвалидските организации им беа распоредени 50.143.000,оо ден., што во проценти изразено изнесува 7,72% од вкупниот приход , кој бил остварен, а бил предмет на распределба.
Средствата кои се остваруваат од игрите на среќа, а се доделуваат на
инвалидските организации се за потребите за спроведување на програмските активности на седумте горенаведени Национални инвалидски организации, преку кои се финансираат и 136 нивни градски и меѓуопштински здруженија ширум целата Држава.
Посебно сакаме да истакнеме дека ако се направат некои општи пресметки лесно ќе се види дека средствата кои ги добиваат националните инвалидски организации од игрите на среќа од 1996 г. – 2009 г. рапидно се намалени и според наши видувања тоа намалување прикажано во реален износ на средства изнесува преку 70%.
Средствата кои ги добиваа Републичките сојузи во минатото беа исклучиво наменети за реализирање на активностите на републичко и локално ниво (финансирање на програмите на 136 локални здруженија, реализирање на програмските активности на 7 Републички Сојузи, материјалните трошоци на 7-те Републички организации и др.). За жал состојбата да биде уште потешка од 1990 година локалната самоуправа престана да ги финансира материјалните трошоци и платите на вработените во локалните здруженија и до 1995 година овие трошоци ги финансираше Министерството за труд и социјална политика преку Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија. Од 1996 година, Министерството за труд и социјална политика престана да ги финансира платите и материјалните трошоци на локалните здруженија и оваа обврска ја превзедоа Републичките Сојузи секој, за своите доброволно здружен инвалидски организации во Државата. Со ваквата состојба во која се најдоа тогашните Републички Сојузи, а сега национални инвалидски организации, уште повеќе се усложни проблемот со нивното финансирање, како на републичко, така и на локално ниво:
1. Средствата кои се добиваа од игрите на среќа од 1996-2010 година воопшто не се зголемени (се исплатува ист номинален износ);
2. Републичките Сојузи, а сега национални инвалидски организации на Македонија, се оптеретени со дополнителни трошоци за финансирање на своите локални здруженија (покрај редовните програмски активности, обезбедуваат и средства за плати на вработените, материјални трошоци за работа и функција на здруженијата), што произлегува од Законот за инвалидски организации.
Доколку продолжи овој тренд и не се измени состојбата, НСИОМ и националните инвалидски организации, како и нивните локални здруженија ќе се најдат во крајно незавидна положба, што ќе доведе до тоа да многу општински здруженија згаснат, а националните инвалидски организации и нивната асоцијација нема да може да ја обавуваат својата функција за која се основани и нема да можат редовно да ги подмируваат неопходните основни функционални трошоци (подмирување на комунални услуги, струја, вода, парно, плата на вработените, котизација кон светските федерации каде членуваат и др.).
Иако сме свесни дека Република Македонија како последица на глобалната светска финансиска криза, како и други светски и европски држави е во тешка финасиска состојба, сепак сметаме дека има простор донекаде да се ублажи проблемот за финансирање на НСИОМ и националните инвалидски организации од приходите кои се оствауруваат од игрите на среќа. Доколку тоа не може да биде износот од 50% како што предвидува Законот, да се почитува горната граница предвидена во чл. 4 од Законот за игри на среќа, која изнесува 120.000.000,оо ден., што е наменета за сите законски корисаници (Инвалидските организации, Црвен крст на РМ и Агенцијата за млади и спорт).