ПОЧЕТНА

ЗА НСИОМ

ЧЛЕНКИ

КОНТАКТ

За НСИОМ

1logo civ

1LOGO TELESNI

1LOGO SPORT

1LOGO SLEPI

1logo gluvi

1LOGO PORAKA

1LOGO TRUDOVI

Националниот совет на инвалидските организации на Македонија е асоцијација на седум здружени национални инвалидски организации и тоа: Национален сојуз на слепи на РМ, Национален сојуз на глуви и наглуви на Македонија, Национален сојуз на телесно инвалидизраните лица на Македонија, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака”, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Национална федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет и Национален сојуз на инвалиди на трудот на РМ. Во нивните рамки делуваат доброволно здружени 136 инвалидски организации кои имаат евидентирано преку 90.000 членови.

МИСИЈА на НСИОМ е системската примената на човековите права на лицата со инвалидност и нивните законски застапници, нивна целосна инклузија и рамноправност во сите сфери на општеството.

ОПРЕДЕЛБИ на НСИОМ се:

  • Координација на интересите на лицата со инвалидност во земјата, земајќи ги предвид карактеристиките на одделните видови на инвалидност и самостојноста на секоја инвалидска организација;
  • Да ги застапува заедничките и индивидуалните интереси на лицата со инвалидност во граѓанскиот дијалог помеѓу организациите на лицата со инвалидност со Владата, другите јавни институции и професионални здруженија;
  • Да ги промовира граѓанските, политичките, социјалните, економските и културните права на лицата со инвалидност, како што е дефинирано во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, другите меѓународните конвенции на ОН, Стандардни правила на ОН, договорите и насоките на Европската унија,  Мадридскиот декларација, Уставот на Република Македонија, македонската легислатива и Националната стратегија за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ (ревидирана) 2010-2018;
  • Да ги застапува интересите на лицата со инвалидност од Република Македонија во Европскиот Форум за Лица со инвалидност(ЕДФ), и други меѓународни институции и сојузи;