11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

Националниот совет на инвалидските организации на Македонија е најголемата репрезентативна асоцијација на лица со инвалидност во Република Северна Македонија, основана со здружување на националните инвалидски организации со цел заеднички да делуваат за унапредување на правата и остварување на интересите на сите лица со инвалидност во државата.

Членки на НСИОМ се:

  • Национален сојуз на слепи на Република Северна Македонија
  • Национален сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија
  • Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија
  • Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - Порака
  • Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија
  • Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија
  • Национален сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија