11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

telesni invalidi mobilnost

Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е формиран 1986 година како национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија, како и на меѓународно ниво. Во согласност со прописите, предлага претставници на лицата со телесен инвалидитет во работните тела во државните органи кои ги третираат прашањата во врска со лицата со инвалидитет.

Во Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА се здружени 17 општински, меѓуопштински и градското здружение на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, како колективни членови, а со тоа и лицата со телесен инвалидитет на целата територија на Република Македонија, како индивидуални членови, во една заедничка организација, заради остварување и заштита на нивните здравствени, економски, социјални, културни, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и законот.

Членувањето во МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА може да биде редовно, вонредно и почесно.

Редовен член на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА може да биде секој граѓанин државјанин на Република Македонија кој има пречки во мобилноста поради телесен инвалидитет предизвикан од параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, мултипла склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, ако му се сочувани менталните способности и ако не е член на друго здружение или асоцијација со исти или слични цели и задачи, кој доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница.

Вонреден член може да биде секој граѓанин државјанин на Република Македонија кој може и сака со својата работа да придонесе кон остварување на целите и задачите кој, по предходна одлука на Управниот одбор за прием за вонреден член, доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница за вонредно членство.

Почесен член може да биде граѓанин државјанин на Република Македонија кој има посебни заслуги во остварувањето на целите и задачите и кој, по претходна одлука на Управниот одбор доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница за почесно членство.

Цели на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА се:

  • да ги открива, евидентира и вклучува во МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА лицата со телесен инвалидитет;
  • учество во креирањето на политики на национално ниво за сите прашања поврзани со лицата со телесен инвалидитет;
  • иницирање и предлагање до надлежните органи измени и дополнувања на законите и другите прописи со кои се уредува положбата на лицата со телесен инвалидитет;
  • отстранување на урбанистички, архитектонски и сообраќајни бариери заради непречено движење и пристап на лицата со телесен инвалидитет во јавниот сообраќај, јавни објекти, станбени и други објекти;
  • да помага при набавка на ортопедски и други помагала, санитетски средства и лекови за лицата со телесен инвалидитет;
  • дава помош на лицата со телесен инвалидитет и нивните семејства во остварување на законските права на социјална, економска, здравствена и друга заштита;
  • се грижи за целосна вклученост во општеството и во секојдневниот живот на лицата со телесен инвалидитет,
  • недискриминација и поттикнување на лицата со телесен инвалидитет да се потпираат на сопствените сили и способности
  • автономност на лицата со телесен инвалидитет како корисници на услуги;
  • економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со телесен инвалидитет;
  • социјална правда и социјална сигурност на лицата со телесен инвалидитет;
  • да дејствува и работи на планот на унапредување и усовршување на системот на рехабилитација, образование, вработување и заштита на лицата со телесен инвалидитет;
  • создавање услови за сместување и згрижување на лицата со телесен инвалидитет кои немаат услови за сместување и живеење во семејството;
  • организирање одмор, закрепнување и рекреација на лицата со телесен инвалидитет;
  • организирање културно забавни активности и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на лицата со телесен инвалидитет;
  • вршење информативна и издавачка дејност во врска со целите и задачите;
  • превентивно делување на спречување и настанување на разни видови телесен инвалидитет;
  • соработување, зачленување или поврзување со други организации во земјата;
  • соработување, зачленување или поврзување со меѓународни организации;
  • обезбедување на просторни, материјални, кадровски и финансиски услови на работа на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА и здруженијата;
  • други цели утврдени со Програмата за работа.
е-маил: contact@mobilnost.mk
тел.: +389 (0)2 3 211 280
www.mobilnost.mk