Цели на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ се:
- почитување на човековите права на цивилните инвалиди од војната;
- вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот;
- недискриминација на цивилните инвалиди од војната;
- поттикнување на цивилните инвалиди од војната да се потпираат на сопствените сили и способности;
- автономност на цивилните инвалиди од војната како корисници на услуги;
- економска, социјална, здравствена и правна заштита на цивилните инвалиди од војната
- социјална правда и социјална сигурност на цивилните инвалиди од војната
- да ги открива, евидентира и вклучува во НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ цивилните инвалиди од војната
- да пружа помош на цивилните инвалиди од војната и нивните семејства во остварување на законските права на социјална, економска, здраствена и друга заштита;
- да дејствува и работи на планот на унапредување и усовршување на системот на рехабилитација, образование, вработување и заштита на цивилните инвалиди од војната
- создавање услови за сместување и згрижување на цивилните инвалиди од војната кои немаат услови за сместување и живеење во семејството;
- отстранување на урбанистичките, архитектонски и сообраќајни бариери заради непречено движење и пристап на цивилните инвалиди од војната во јавниот сообраќај, јавни објекти, станбен и други објекти;
- организирање одмор, закрепнување и рекреација на цивилните инвалиди од војната
- организирање културно забавни активности и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на цивилните инвалиди од војната
- вршење информативна и издавачка дејност во врска со целите и задчите;
- превентивно делување на спречување на настанување на разни видови инвалидност;
- соработување, зачленување или поврзување со други организации во земјата;
- НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ се здружува но Националниот совет на инвалидски организации на Македонија.
- соработување, зачленување или поврзување со меѓународни организации;
- обезбедување на просторни, материјални, кадровски и финансиски услови на работа на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ и здруженијата;
- други цели утврдени со програмата за работа.