11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

sport telesni invalidi

На 13.06.1965 во инвалидското одмаралиште Сутјеска во Охрид беше одржана оснивачка конференција на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија во состав на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Југославија. За прв претседател е избран Бојко Затенко, а во понатамошниот тек на работењето за претседатели биле бирани Реиз Шаќири, Киро Менков, Ангел Мојсовски, Проф.д-р. Никола Христов, Бранимир Јовановски и Коце Димов.

Особена заслуга за развојот на спортот на инвалидите во Република Македонија имаат стручните лица кои долги години работеа на спроведувањето на спортските програми во улога на спортски работници, особено Панче Пандилов, секретари Славко Јовевски, Ивица Гласновиќ, Саво Герасимовски, Темелко Дојчиноски, како и сегашниот секретар на НФСРИСМ – ПКСМ, Драган Дојчиноски.

Федерацијата ги прилагодувала своите акти и го менувала својот назив согласно законските прописи во врска со Законот за здруженија на граѓани и фондации, Законот за инвалидски организации и Законот за спорт. Денес полниот назив на организацијата е: Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки Комитет на Северна Македонија.

Мисија, цели и активности

Националната Федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски Параолимписки Комитет е спортска, доброволна, општествено-хуманитарна организација, формирана 1965 година, чија основна цел е да ги развива, креира, обединува и репрезентира спортско-рекреативните активности на сите инвалидизирани лица на територијата на Република Македонија, без оглед на видот, степенот и карактерот на инвалидноста, како и причините за настанување на инвалидитетот. Покрај запишувањето во Регистарот на Здруженија на граѓани и фондации, и регистарот на национални инвалидски организации, од страна на Агенцијата за млади и спорт, НФСРИМ – МПК има добиено Решение за обавување на дејност спорт, согласно Законот за спорт.

Националната Федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски Параолимписки Комитет (во понатамошен текст НФСРИМ – МПК), својата активност ја спроведува согласно своите норми, пропозиции и критериуми како и нормите, пропозициите и критериумите на Меѓународниот параолимписки комитет чија членка е од 1994 година кога на Генералното Собрание во Токио со акламација е примена за редовна членка.

НФСРИМ – МПК при организирање и спроведување на своите активности тесно соработува со Агенцијата за млади и спорт на РМ, Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, Сојузот на спортски федерации на Македонија. НФСРИМ – МПК соработува и со други заинтересирани органи, организации и институции во државата и надвор од неа, заинтересирани за развојот на спортот на лицата со инвалидност.

НФСРИМ – МПК работи на масовна и систематска психофизичка рехабилитација со лицата со инвалидност по пат на спортување и спортска рекреација со цел за сочувување, јакнење и подобрување на здравствената состојба на преостанатите моторички способности кај инвалидизираните лица, како и нивно активно и рамноправно вклучување во општествениот и стопанскиот живот на Република Македонија. За што поуспешно извршување на програмските активности, НФСРИМ – МПК има формирано општински Сојузи за спорт и рекреација на инвалиди во 20 општини. Истите, според географската местоположба, се регионализирани во три региони. Со оглед на тоа дека се работи за спортска организација, голем дел од членовите се млади особи (14-30 г.) но за жал истите не се опфатени со тренажен процес во своите општини во доволна мера, пред се поради финансиските потешкотии во кои се наоѓа НФСРИМ – МПК, но и недостаток на стручни кадри и спортски објекти за спроведување на активностите.

Највисок орган на ФСРИМ е Собранието кое брои 35 претставници кои на конститутивната седница избираат претседател на ФСРИМ, Извршен одбор од 11 члена и Одбор за контрола од 3 члена. Изборни седници на Собранието се одржуваат на секои четири години, во годината непосредно по завршувањето на летните Параолимписки игри.

Спортската програма, Календарот на спортсдки натпревари, планирањето, организирањето и одржувањето на првенствата, разгледувањето на правилата и пропозиции по одделни спортови и категории на инвалидност се во надлежност на Стручната комисија која брои 5 члена.

Во рамките на Федерацијата делуваат 20 општински сојузи за спорт и рекреација на инвалидите и истите според географската местоположба се регионализирани во три региони со седишта на регионите во Скопје, Битола и Куманово:

  • Во првиот регион: „Кисела Вода“, „Чаир“, „Гази Баба“, „Центар“, „Карпош“ (сите од Скопје), Тетово и Гостивар.
  • Во вториот регион: Куманово, Велес, Штип, Кочани, Гевгелија и Струмица.
  • Во третиот регион: Битола, Прилеп, Кавадарци, Струга, Охрид, Ресен и Кичево.
е-пошта: contact@fsrim.org.mk
тел.: +389 2 3163 551
www.fsrim.org.mk

telesni invalidi mobilnost

Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е формиран 1986 година како национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија, како и на меѓународно ниво. Во согласност со прописите, предлага претставници на лицата со телесен инвалидитет во работните тела во државните органи кои ги третираат прашањата во врска со лицата со инвалидитет.

Во Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА се здружени 17 општински, меѓуопштински и градското здружение на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, како колективни членови, а со тоа и лицата со телесен инвалидитет на целата територија на Република Македонија, како индивидуални членови, во една заедничка организација, заради остварување и заштита на нивните здравствени, економски, социјални, културни, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и законот.

Членувањето во МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА може да биде редовно, вонредно и почесно.

Редовен член на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА може да биде секој граѓанин државјанин на Република Македонија кој има пречки во мобилноста поради телесен инвалидитет предизвикан од параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, мултипла склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, ако му се сочувани менталните способности и ако не е член на друго здружение или асоцијација со исти или слични цели и задачи, кој доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница.

Вонреден член може да биде секој граѓанин државјанин на Република Македонија кој може и сака со својата работа да придонесе кон остварување на целите и задачите кој, по предходна одлука на Управниот одбор за прием за вонреден член, доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница за вонредно членство.

Почесен член може да биде граѓанин државјанин на Република Македонија кој има посебни заслуги во остварувањето на целите и задачите и кој, по претходна одлука на Управниот одбор доброволно ќе пристапи кон МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со потпишување на пристапница за почесно членство.

Цели на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА се:

  • да ги открива, евидентира и вклучува во МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА лицата со телесен инвалидитет;
  • учество во креирањето на политики на национално ниво за сите прашања поврзани со лицата со телесен инвалидитет;
  • иницирање и предлагање до надлежните органи измени и дополнувања на законите и другите прописи со кои се уредува положбата на лицата со телесен инвалидитет;
  • отстранување на урбанистички, архитектонски и сообраќајни бариери заради непречено движење и пристап на лицата со телесен инвалидитет во јавниот сообраќај, јавни објекти, станбени и други објекти;
  • да помага при набавка на ортопедски и други помагала, санитетски средства и лекови за лицата со телесен инвалидитет;
  • дава помош на лицата со телесен инвалидитет и нивните семејства во остварување на законските права на социјална, економска, здравствена и друга заштита;
  • се грижи за целосна вклученост во општеството и во секојдневниот живот на лицата со телесен инвалидитет,
  • недискриминација и поттикнување на лицата со телесен инвалидитет да се потпираат на сопствените сили и способности
  • автономност на лицата со телесен инвалидитет како корисници на услуги;
  • економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со телесен инвалидитет;
  • социјална правда и социјална сигурност на лицата со телесен инвалидитет;
  • да дејствува и работи на планот на унапредување и усовршување на системот на рехабилитација, образование, вработување и заштита на лицата со телесен инвалидитет;
  • создавање услови за сместување и згрижување на лицата со телесен инвалидитет кои немаат услови за сместување и живеење во семејството;
  • организирање одмор, закрепнување и рекреација на лицата со телесен инвалидитет;
  • организирање културно забавни активности и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на лицата со телесен инвалидитет;
  • вршење информативна и издавачка дејност во врска со целите и задачите;
  • превентивно делување на спречување и настанување на разни видови телесен инвалидитет;
  • соработување, зачленување или поврзување со други организации во земјата;
  • соработување, зачленување или поврзување со меѓународни организации;
  • обезбедување на просторни, материјални, кадровски и финансиски услови на работа на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА и здруженијата;
  • други цели утврдени со Програмата за работа.
е-маил: contact@mobilnost.mk
тел.: +389 (0)2 3 211 280
www.mobilnost.mk

NSSRSM

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран во далечната 1946 година под називот Сојуз на слепите на Република Македонија и оттогаш до денес дејствува како национална, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација од посебно општествено значење во Републиката.

Основна мисија на Сојузот е создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица ширум републиката, нивните здруженија и нивната подобра социјализација и интеграција во општествената заедница.

Сојузот на слепите е Чадор-организација која преку своите 18 здруженија на слепите лица брои повеќе од 2500 членови - слепи лица на територија на Република Македонија односно лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу 10 проценти.

Националниот Сојуз на слепите на Република Македонија е членка на:

- Националниот совет на инвалидски организации на Македонија

- Балканскиот консултативен комитет

- Европскиот сојуз на слепите

- Светскиот сојуз на слепите

Од своето основање до денес, Сојузот води целосна грижа за своите членови - слепите лица почнувајќи од откривањето, упатувањето на школување, описменуање на Брајово писмо, рехабилитација, вработување, приспособување на работни места, набавка на тифло-технички помагала и слично.

    Основни цели и задачи на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се:

  • залагање за остварување и јакнење на правата на слепите лица во Република Македонија
  • јакнење на економската и социјалната сигурност на слепите лица
  • оспособување на слепите лица за вршење на основните активности за подобрување или компензација на загубената функција
  • совети на слепите лица и нивните семејства
  • унапредување на системот а образование, рехабилитација, работно оспособување, преквалификација и вработување на слепите лица
  • придружни услуги при набавка на разни специфични тифлотехнички помагала и распределба на истите и други компензациони помагала неопходни за зголемување на независноста во секојдневниот живот и во остварувањето на правата на слепите лица
  • предлага мерки за примена на стандарди и насоки за отстранување на пречките и обезбедување, а пристап на слепите лица во непосредната физичка околина како куќи, згради, јавен транспорт, јавни установи и други форми на транспорт
  • развој на духовната и физичката култура на слепите лица преку обезбедување на пристап и достапност на слепите лица до информациите и комуникациите (производство на Брајови и звучни книги, повеќенаменски списанија, фоно и брајова библиотека за слепи лица, организира и создава услови за работа на споствени културно уметнички друштва, клубови и организира културно уметнички манифестации како и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на слепите лица развивајќи го музичкиот и радиоаматерскиот дух, спортот како шах, гол-бол, табла, итн. Организирајќи државо првенство во шах, атлетика и голбол и учество на меѓународни натпревари.
  • Јавноста во работењето на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се остварува преку издавање сопствени списанија: Брајово списание НАШ ЗБОР, звучно списание ПАНОРАМА  и емитување на радио емисија ПАНТА РЕИ на Македонското радио.
  • организирање стручни работилници, советувања, симпозиуми и конференции
  • организирање кампањи за подигнување на свеста на населението за надминување на негативниот однос и предрасуди кои постојат за слепите лица предлага мерки и иницијативи за зголемување на социјалната заштита на слепите лица
  • иницира решавање на материјалните здравствените, социјалните и другите прашања од значење за слепите лица
  • поттикнува научно истражувачка работа и во зависност од своите можности спроведува научни и други проекти за подобрување на личниот семејниот и социо-културниот живот на слепите лица
  • се залага за доследно спроведување на сите усвоени меѓународни акти кои се однесуваат за остарување на човековите и компензационите права на слепите лица
  • покренува и поддржува граѓански иницијативи за измени и дополнување на постојаните законски прописи и донесување нови со цел за поквалитетни решенија во однос на правата на слепите лица и друго
  • Националниот сојуз на слепите на Република Македонија соработува со други невладини организации од земјата и од странство, а особено со оние кои во своите програмски активности ги третираат прашањата и потребите на слепите лица
  • Националниот сојуз на слепите на Република Македонија потесно соработува со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов - Скопје
  • Во својата повеќедецениска работа Националниот сојуз на слепите на Република Македонија има реализирано повеќе проекти финанисирани од програмата ФАРЕ-ЛИЕН, Француската федерација на слепите, Националната организација на слепите од Шпанија, МЦМС, ФИООМ, Католички служби за помош, ЦРС, Светската банка, ИТЗ, ОКСФАМ, Црвениот крст на Македонија, Хендикеп Интернационал, УСАИД, Фондација Т-Мобиле за Македонија, Лајонс Клубовите низ земјава и слично.
  • Националниот сојуз ан слепите на Република Македонија располага со сопствен деловен објект, соодветна опрема за работа, сопствени патничко и комби возило, Брајово печатница, едукативен компјутерски центар и тонско студио.
  • Финансирањето а тековните активности и програмски задачи се врши од средствата од игри на среќа преку Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.
е-пошта: mknssrm@gmail.com
тел.: +389 2 3246 537
www.nssrm.org.mk

Sojuz na gluvi i nagluvi

Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија е невладина и национална инвалидска организација чија главна цел е еднаквиот статус и правата на глувите и наглувите лица во Македонија.

Приоритет на активностите се да се создадат услови за целосна интеграција на глувите и наглувите лица во секојдневниот живот и работна средина и нивната активна социјална и општествена вклученост.
Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија ги преставува сите организации на глувите и наглувите опфаќајќи ги скоро сите глуви и наглуви граѓани на Македонија. Активностите на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија се насочени кон:
  • Откривање, решавање и намалување на проблемите на глувите со кои се соочуваат
  • Обезбедување секаква можна помош за сите членови (советување, правни совети, помош при вработување, толкувачка услуга и др.) и охрабрување, поддршка и помош на глувите лица во нивните иницијативи со цел тие да се интегрираат во општеството.
  • Подигнување и афирмација на интелектуалните, спортските, културните и социјалните постигнување на глувите и наглувите лица
  • Помош и зајакнување на образованието и стручната рехабилитација на глувите и наглувите, обезбедување подршка за високо образование на глувите лица
  • Проучување, развивање, истражување, подигање на повисоко ниво и афирмирање на македонскиот знаковен јазик кој е законски признат
  • Подигнување на свеста за културата на глувите и знаковниот јазик за да се избегнат предрасудите и дискриминацијата на глувите и наглувите лица
  • Претставување на интересите на глувите и наглувите лица пред државните, јавните и приватните институции и соработка со националните и меѓународните институции за подобрување на нивниот статус

Основачко СобраниеПрвите активности кога се здружувале глувите лица во Македонија се регистрирани во 1941-43 година во Скопје кога се здружиле група глуви лица, кои  пак се поврзале со слични организации на глуви во Југославија. Но овие активности не продолжиле поради Втората светска војна. По војната нема регистрирано некакви активности се до 1947 година во Скопје кога група глуви лица и лица кои слушаат-опортунисти и професионалци се решиле да ги подготват сите неопходни услови за креирање на национална организација на глувите лица во Македонија.

 Во 28 март 1948 година во Скопје се одржа Основачко Собрание на сите глуви лица во Македонија и се основа Сојузот на глуви и наглуви на Македонија. На почетокот приоритет на Сојузот беше да иницира, основа и направи мрежа на локални организации на глуви лица на целата територија на Македонија, кое до 1960 година имаше 17 ограноци на организации на глуви лица.

Основачко СобраниеИсто така приоритет беше да се иницира и поддржи основање на специјални училишта и Центри за рехабилитација на глувите деца во Македоннија. Сојузот беше иницијатор за основање на државни заштитини работилници каде се вработуваа глувите лица. Од аспект на социјално подобрување на глувите Сојузот иницираше и креираше многу спортски клубови, уметнички клубови, клубови за планинарење, фолклорни клубови и друго. Во внатрешната организациона структура се создаде и Комисија за знаковен јазик чија цел беше афирмација на знаковниот јазик.

Основачко СобраниеВо периодот по 1991година кога Македонија беше во тразиционен период на независностСојузот на глуви и наглуви на Македонија имаше потешки задачи за ги преживее сите промени и текови. И покрај потешкотиите  во 1994 година Сојузот на глуви и наглуви на Македонија е редовен член на СФГ и во 1997година член на ЦИСС. Во 2000 година го издаде Македонскиот речник на знаковен јазик.

Како Национален Сојуз на глуви и наглуви на Македонија учествувашена многу меѓународни настани како што се Олимиските игри на глувите во Данска и Италија, Конгреси на СФГ во Бризбен, Австралија; Монтреал ,Канада; Мадрид, Шпанија и други меѓународни настани. Во 1998 година Сојузот на глуви и наглуви на Македонија беше домаќин на ЦЕРС состанокот во Охрид, Македонија.

Се досега Сојузот на глуви и наглуви на Македонијае горд да продолжи со активностие со повисоки приоритети како што е законското признавање на културата на глувите и знаковниот јазик, лингвистичко истражување и надградување на знаковниот јазик, подобрување на толкувачките услуги, високото образование на глувите и др.

е-пошта: nsgnrm@gmail.com
тел.: +389 2 3228 106
www.deafmkd.org.mk

CIV

Националниот Сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија е доброволна општествено – хуманитарна организација. Таа има широк општествен карактер. Зачленувајќи ги цивилните инвалиди од војната и со заедничко дејствување, работи за нивно активно вклучување во сите сфери на општествената дејност, унапредување на заштитата, организирање на културно – забави и спортско – рекреативни активности. Во почетокот на самоорганизирањето на активностите главно беа насочени кон разрешување на напластените социјално – економски проблеми и организационото зацврстување на Сојузот. Тој стана чинител и толкувач на прашањата од социјално – хуманитарната сфера. Во 40 годишниот период се создадоа можности да се ангажираат поголем број членови кои го интензивираа општествениот живот во организацијата. Карактерот, целите и задачите на Сојузот јасно се дефинирани во Статутот. Националниот Сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија е организиран врз територијален принцип. На територијата на Република Макеоднија се формирани 15 основни организации и тоа: една градска организација на подрачјето на град Скопје, 4 меѓуопштински и 10 општински организации. Со ваквата организациона поставеност сите цивилни инвалиди од војната активно се вклучени во работата на Сојузот.

Во насока на организационата изградба на Сојузот, Статутот повеќепати е дополнуван и менуван, се’ со цел да се изнајдатнајадекватни форми во спроведувањето и реализирањето на неговите цели и задачи. Со Статутот донесен на Второто Собрание, Здружението на цивилни жртви од војната прерасна во Сојуз на цивилни инвалиди од војната. Исто така редовно сме ги менувале Статутот кога тоа го барале позитивните законски прописи особено Законот за здруженија на граѓани и фондации. Последните измени во Статутот се усвоени на одржаното Собрание на Сојузот во 2011 година кога е усогласен со новиот Закон за здруженија на граѓани и фондации и Законот за инвалидски организации. Со овие измени, а согласно споменатиот Закон, нашиот Сојуз се стекна со својство на Национална инвалидска организација. Со ова ние имаме посебен статус во републиката и таа превзема обврски да обезбеди пооптимални услови за работа на оваа организација – пред се’ се мисли на обезбедување на трајни сигурни средства за финансирање.

Цели на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ се:

  • почитување на човековите права на цивилните инвалиди од војната;
  • вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот;
  • недискриминација на цивилните инвалиди од војната;
  • поттикнување на цивилните инвалиди од војната да се потпираат на сопствените сили и способности;
  • автономност на цивилните инвалиди од војната како корисници на услуги;
  • економска, социјална, здравствена и правна заштита на цивилните инвалиди од војната
  • социјална правда и социјална сигурност на цивилните инвалиди од војната
  • да ги открива, евидентира и вклучува во НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ цивилните инвалиди од војната
  • да пружа помош на цивилните инвалиди од војната и нивните семејства во остварување на законските права на социјална, економска, здраствена и друга заштита;
  • да дејствува и работи на планот на унапредување и усовршување на системот на рехабилитација, образование, вработување и заштита на цивилните инвалиди од војната
  • создавање услови за сместување и згрижување на цивилните инвалиди од војната кои немаат услови за сместување и живеење во семејството;
  • отстранување на урбанистичките, архитектонски и сообраќајни бариери заради непречено движење и пристап на цивилните инвалиди од војната во јавниот сообраќај, јавни објекти, станбен и други објекти;
  • организирање одмор, закрепнување и рекреација на цивилните инвалиди од војната
  • организирање културно забавни активности и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на цивилните инвалиди од војната
  • вршење информативна и издавачка дејност во врска со целите и задчите;
  • превентивно делување на спречување на настанување на разни видови инвалидност;
  • соработување, зачленување или поврзување со други организации во земјата;
  • НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ се здружува но Националниот совет на инвалидски организации на Македонија.
  • соработување, зачленување или поврзување со меѓународни организации;
  • обезбедување на просторни, материјални, кадровски и финансиски услови на работа на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ и здруженијата;
  • други цели утврдени со програмата за работа.

ДЕЈНОСТИ СО КОИ СЕ ОСТВАРУВААТ ЦЕЛИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ СЕ:

  • прибирање податоци за здрствената, социјална, економска, образовна, лична, семејна и друга положба на секој член, систематизирање, проучување и статистичко истражување и анализирање на тие податоци заради стекнување поединечна и општа слика за положбата на цивилните инвалиди од војната и утврдување на мерките што треба да се преземат заради подобрување на таа положба во сите свери на животот;
  • запознавање на надлежните органи со утврдените резултати за положбата на цивилните инвалиди од војната и укажување на мерките што треба да се преземат за подобрување на таа положба;
  • иницирање, предлагање и укажување на надлежните органи со потребните измени и дополнување на законите и другите прописи со кои се уредува положбата на цивилните инвалиди од војната;
  • организирање семинари, советувања, конференции, разговори, за прашања од интерес на цивилните инвалиди од војната;
  • изработка на елаборати, предлози на прописи, студии, изработка и спроведување на проекти;
  • иницирање пред надлежните органи изградба, опремување и функционирање на домови за сместување и згрижување на цивилните инвалиди од војната
  • организирање и спроведување на одмор и закрепнување на членовите и со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ;
  • обезбедување простор за работа на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ и здруженијата, опремување на просторот со потребни средства, обезбедување потребен кадар и други финансиски и материјални услови за работа;
  • непосредна помош на членовите со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ при набавка на ортопетски помагала, санитетски справи, лекови и користење на други видови здраствени услуги;
  • непосредна помош со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ на членовите кои западнале во крајно тешка материјална состојба;
  • организирање сопствено културно уметничко друштво и создавање услови за негова работа, помош на членовите во сите видови на културно уметничко творештво, организирање културно уметнички манифестации;
  • обезбедување на реквизити, терени и други услови за спортување и организирање спортски манифестации;
  • обезбедување постојана комуникација со надлежните државни органи, социјалните, здраствени, просветни, културни, спортски и други организации и институции;
  • соработка со други сродни организации во земјата и со меѓународни организации и учество во разни манифестации, конгреси, семинари, советувања и друго во земјата и странство;
  • членство во домашни и меѓународни асоцијации;
  • прибирање и дистрибуција на хуманитарна помош за членовите;
  • анимирање на пошироката јавност перку медиумите, преку плакати и други соодветни начини со проблемите на лицата со инвалидност и создавање свест за можностите и потребата од нивно разрешување;
  • сите други погодни облици и начини на дејстување.
е-пошта: d.dojcinoski1@gmail.com
тел.: +389 2 3296 961
www.civ.mk

Националниот Сојуз на инвалиди на трудот на РМ е основан во 1954 година, а во него членуваат повеќе од 40.000 инвалиди на трудот, преку 24 Здруженија на инвалиди на трудот. Инвалиди на трудот се лица кои здравјето го загубиле за време на работниот век и се стекнале со општа или професионална неспособност за работа.

Националниот Сојуз на инвалиди на трудот на РМ е инвалидска организација и национална инвалидска организација согласно Законот за инвалидски организации, редовна членка е на Националниот Совет на инвалидски организации на Македонија.

Целите и задачите на Националниот Сојуз на инвалиди на трудот на РМ се оформени според потребите на инвалидите на трудот а се остваруваат преку реализација на својата Акциона програма и Програмата за работа, првенствено: учество при оформувањето на националната политика која се однесува на инвалидската заштита и во мерките за обезбедување на еднакви можности и еднакви права на инвалидите на трудот, почитување на човековите права на инвалидите на трудот, вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот на инвалидите на трудот, недискриминација на инвалидите на трудот, поттикнување на инвалидите на трудот да се потпрат на сопствените сили и способности, автономност на инвалидите на трудот како корисници на услуги, економска, социјална, здравствена и правна заштита на инвалидите на трудот и социјална правда и социјална сигурност, на поединечните и посебните интереси на секој свој член и на Здруженијата на инвалиди на трудот во целина.

Целите и задачите на организацијата се остваруваат преку реализација на својата Акциона програма и Програмата за работа, првенствено:

  • учествува при оформувањето на националната политика која се однесува на инвалидската заштита и во мерките за обезбедување на еднакви можности и еднакви права на инвалидите на трудот
  • почитување на човековите права на инвалидите на трудот
  • вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот на инвалидите на трудот
  • недискриминација на инвалидите на трудот
  • поттикнување на инвалидите на трудот да се потпрат на сопствените сили и способности
  • автономност на инвалидите на трудот како корисници на услуги
  • економска, социјална, здравствена и правна заштита на инвалидите на трудот
  • социјална правда и социјална сигурност, на поединечните и посебните интереси на секој свој член и на Здруженијата на инвалиди на трудот во целина.

Во рамките на својата активност, организацијата ги извршува следните задачи:

  • ги утврдува интересите, и ги застапува потребите на инвалидите на трудот на секое подрачје кое се однесува на животот на инвалидите на трудот, придонесуваат за создавање свест во јавноста и влијаат врз промените во полза на инвалидите на трудот
  • планираат, организираат, и изведуваат проекти кои им овозможуваат на инвалидите на трудот поактивно учество и помагаат во отстранувањето на попреченоста и поголема независност во животот (оспособување за активен живот и работа, превоз, снабдување со технички помагала, лична помош, нега, физичка помош, клубови на инвалиди на трудот, клубови за деца на инвалиди на трудот, програма за болни и изнемоштени инвалиди на трудот, толкување и подржување, програми за чување на здравјето како на инвалидите така и на нивните семејства и други рехабилитациони проекти, информативна, издавачка, културна, рекреативна, спортска активност и др.)
  • учествува во спречувањето и отстранувањето на бариерите во физичката и социјалната средина
  • организира и спроведува активност за запознавање на инвалидите на трудот од областа на заштитата на здравјето, медицинска и социјална рехабилитација, воспитување, образование, оспособување, вработување, социјална заштита, култура, спорт и рекреација
  • спречува и ублажува социјални и психички последици од инвалидноста
  • ги оспособува инвалидите на трудот за самопомош и нивните блиски и други лица за живот и работа со инвалиди на трудот
  • ги развива социјалните вештини на инвалидите на трудот и нивната информираност за различни подрачја на животот
  • поттикнува активности на соодветни органи и организации за што поуспешно решавање на проблемите на инвалидите на трудот
  • учествува во изготвување на државни мерки и предлага прифаќање на прописи и мерки на подрачјето на инвалидската заштита
  • ги претставува, заштитува и почитува правата и интересите на инвалидите на трудот на државно ниво
  • обезбедува подршка и создава можност за развој на самопомош и добротворност
  • се поврзува со други инвалидски организации во земјата и во странство
  • ја координира и насочува работата на Здруженијата на инвалиди на трудот во Општините на подрачјето на Република Македонија.
е-пошта: isimonovska@yahoo.com
тел.: +389 2 3166 362

poraka

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е граѓанска, родителска, национална инвалидска и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Република Северна Македонија.

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА има остварено статус на Национална инвалидска организација (согласно Законот за инвалидски организации), и е впишана во Регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјална заштита, кој се води при Министерството за труд и социјална политика.

РЦПЛИП – ПОРАКА е оформена во 1963 година, а во моментот обединува 17 локални организации во земјата.

Главни цели
  • Обезбедување законски можности за овозможување на еднакво учество и вклучување на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество
  • Развивање на социјални сервисни служби во местото на живеење, согласно принципите за изедначување на можностите на лицата со интелектуална попреченост
  • Остварување и унапредување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост
Принципи:
  • Вклучување на лицата со интелектуална попреченост во секој аспект од животот
  • Изедначување на можностите за лицата со интелектуална попреченост како еднакви граѓани во заедницата
  • Обезбедување на поддршка – соодветни сервисни служби и поддршка за лицата и семејствата со член со интелектуална попреченост во заедницата
  • Почитување на самоопределувањето, донесување на одлуки од страна на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства
  • Превенција од институционализација
  • Подобрување на условите за живот во постоечките институции
  • Деинституционализација на лица со интелектуална попреченост и нивно опфаќање во социјални сервисни служби во заедницата
  • Подигнување на јавната свест.
  • Иницијативи за подобрување на законските можности и политиките за лицата со интелектуална попреченост на национално ниво
  • Координација и стручно-методолошка помош на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА
    • Воспоставување на мрежа од социјални сервисни служби во заедницата:
    • Ресурсен центар (сервисна служба за советување и информирање)
    • Социјални клубови и советувалишта во сите локални организации
    • Дневни центри за адолесценти и возрасни со интелектуална попреченост
    • Иницијативи за оформување на сервисни служби за самостојно живеење за лица со интелектуална попреченост
  • Комуникација и размена на искуства на европско и меѓународно ниво.
Членство на национално ниво:
  • НСИОМ – Национален совет на инвалидски организации на Македонија
  • Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост
Членство на меѓународно ниво:
  • “Inclusion Europe” – Европска асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
  • “Inclusion International” – Интернационална асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
  • “EASPD” – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост.
е-пошта: poraka@t.mk
тел.: +389 2 3296 961
www.poraka.org.mk