Национален Совет на инвалидските организации на Македонија
  www.nsiom.org.mk     Испечати ја страната   Прати ја на пријател
За НСИОМЦели и задачиРаководствоЧленки на НСИОМПрограма за работаАктивности на НСИОМАктивности надвор од земјата
Контакт
Национално координативно тело
Добредојдовте на веб страницата на Националниот Совет на инвалидските органицации на Македонија
   
  СОЈУЗ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА НА РЕПУБИКА МАКЕДОНИЈА

Сојузот на телесно инвалидизираните лица на МакедонијаСојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија е доборовилна, општествено хуманитарна организација на телесно инвалидизираните лица на Македонија. Сојузот е формиран 1986 год. Скратената ознака за името на Сојузот е СТИЛМ. Сојузот е организација на 17 здруженија на телесно инвалидизирани лица од 17 градови во републиката, со вкупно евидентирани 4161 членови.

Во Сојузот членуваат лица кои имаат телесна инвалидност предизвикана од параплегија, дистрофија, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза, ампутација на екстремитет и други нервно – мускулни заболувања.

Цели и задачи на Сојузот :

Програмски активности:

  1. Евиденција на членови со пристапници;
  2. Здраствена заштита, набавка на лекови, помагала, медицинска рехабилитација и сл.;
  3. Социјална заштита: остварување на правата во сферата на социјалната заштита;
  4. Вработување, активности за практична примена на законот за вработување на инвалидни лица;
  5. Образование: иницијативи за создавање на услови за вклучување на телесните инвалиди во редовниот наставен процес;
  6. Спорт, организирање на повеќе спортски манифестации, државни и меѓународни;
  7. Одмор и опоравок во сопствени апартмани во Охрид;
  8. Информативна дејност, преку сопствено гласило “Феникс 86” преку издавање на разни печатени соопштенија, информации, билтени, монографија и др. и преку средствата за јавно информирање;
  9. Култура, забава: организирање на квиз натпревар, литературно музички смотри и др.;
  10. Активност во следење на законската регулатива за измени и дополнување на Закони со кои се регулираат правата на телесните инвалиди.

Сојузот располага со работна канцеларија со соодветна опрема за работа : сала за состаноци; деловен простор во Скопје, Битола и Прилеп; десет апартмани за одмор и опоравок во Охрид; комбе адаптирано за превоз на лица со телесна инвалидност; КУД ”Феникс” и др. Сите здруженија имаат простор и опрема за работа.

Контакт информации:
Адреса: ул. "11 Октомври" 42а, 1000 Скопје
Тел: 02/32-11-280
Е-mailstil-m@mt.net.mk