Национален Совет на инвалидските организации на Македонија
  www.nsiom.org.mk     Испечати ја страната   Прати ја на пријател
За НСИОМЦели и задачиРаководствоЧленки на НСИОМПрограма за работаАктивности на НСИОМАктивности надвор од земјата
Контакт
Национално координативно тело
Добредојдовте на веб страницата на Националниот Совет на инвалидските органицации на Македонија
   
  СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ НА РЕПУБИКА МАКЕДОНИЈА

Сојузот на слепи на Република МакедонијаСојузот на слепи на Република Македонија (ССРМ) е формиран уште во далечната 1946 година, дејствува како национална, невладина и непрофитна организација од посебно општествено значење. Во Сојузот, чадор организација, преку своите 18 здруженија на слепи лица, членуваат 2000 членови – слепи лица (лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу 10%).

Сојузот води целосна грижа за членовите, - слепи лица – почнувајќи од откривањето, упатувањето на школување, описменување на Брајово писмо, рехабилитација, вработување, приспособување на работните места, набавка на тифло - технички помагала неопходни за зголемување на независноста на слепите лица во секојдневниот живот и др. Сојузот развива активности за :

  • Оспособување на слепи лица за вршење на основните активности за подобрување или компензација на загубената функција;
  • Предлага мерки за примена на стандарди и насоки за отстранување на пречките и обезбедување на пристап на слепите лица во физичката околина;
  • Развој на духовната и физичката култура на слепите лица преку обезбедување на пристап и достапност на слепите лица до информациите и комуникациите (производство на Брајови и звучни книги, повеќенаменски списанија, фоно и Брајова библиотека за слепи, оргнизира и создава услови за работа на сопствени културно уметнички друштва, клубови и организаира културно – уметнички манифестации, развивајќи го музичкиот и радиоаматеризмот, спортот и шахот);
  • Организирање на кампањи за подигање на свеста на населението за надминување на негативниот однос и предрасудите кои пстојат за слепите лица, предлага мерки и иницијативи за зголемување на социјалната заштита на слепите лица и друго.

Контакт информации:
Адреса: ул. "29 Ноември" 46, 1000 Скопје
Тел: 02/31-13-662
Е-mailmacuob@freemail.com.mk