Национален Совет на инвалидските организации на Македонија
  www.nsiom.org.mk     Испечати ја страната   Прати ја на пријател
За НСИОМЦели и задачиРаководствоЧленки на НСИОМПрограма за работаАктивности на НСИОМАктивности надвор од земјата
Контакт
Национално координативно тело
Добредојдовте на веб страницата на Националниот Совет на инвалидските органицации на Македонија
   
  ФЕДЕРАЦИЈА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Федерација за спорт и рекреација на инвалидите на МакедонијаФСРИМ е формирана 1965 година. Таа ги развива, креира, обединува и репрезентира спортско рекреативните активности на инвалидизираните лица во република Македонија. Програмските задачи се реализираат преку 17 општински организации, организирани во 3 региони. Федерацијата е член на Македонскиот олимписки комитет и Меѓународниот параолимписки комитет како и друго меѓународни организации од оваа област, а тесно соработува со Агенцијата за млади и спорт на РМ. Со спортско рекреативни активности се занимаваат околу 3.000 инвалидизирани лица во Република Македонија.

Целите и задачите на Федерацијата се :

  • Откривање, евидентирање и вклучување на инвалидизирани лица во спортски активности;
  • Утврдува организација, пропозиции, критериуми и норми по одделни спортови;
  • Организира домашни и меѓународни натпревари, со своите спортисти и нивните меѓународни настапи ја афирмира Република Македонија во светот;
  • Се грижи за унапредување и школување на сопствени стручни кадри, развива соработка со ортопедски заводи за изработка на адекватни помагала на спортистите;
  • Се грижи за популаризација на спортската активност на инвалидизираните лица;
  • ја составува репрезентацијата на Република Македонија за инвалиди за учество на европски, светски и други меѓународни првенства како и за параолимписките игри;
  • води грижа за истражување од областа на спортско рекреативната дејност.

ФСРИМ во своите редови има спортисти освојувачи на медали од параолимписки игри, европски и светски првенства, светски, олимписки и европски рекордери.

Контакт информации:
Адреса: ул. "11 Октомври" 42а, 1000 Скопје
Тел: 02/31-63-551
Е-mail:ssrim@mt.net.mk